Таравари: ДУИ моли да влезе во Влада

Арбен Таравари од Коалицијата ВЛЕН вели дека ДУИ продолжува да оди наназад. Таравари меѓу другото додава дека ДУИ моли да ги однесат во Влада и тие се претвориле во питачи за работа.

„ДУИ продолжува да оди по погрешен пат. Таа моли да ја однесат во Влада и колку и да ја одбиваат, таа сепак испраќа преговарачи кои се претворија во питачи за позиции“, напиша Арбен Таравари на својот Фејсбук профил.