Таравари: Ќе победиме 3 спрема 1, па сметката ќе му ја испратиме на Мицкоски

Претседателот на Албанската демократска партија, Арбен Таравари, на промотивната конвенцијa, рече дека овие избори се плебисцитарен референдум.

Тој рече дека се здружиле на овие избори бидејќи негова лична грижа бил европскиот пат на земјата.

„Заглавени сме тука, за жал се оддалечуваме од тој пат. Албанија напредува, Црна Гора исто така напредува, додека Македонија е заглавена. Знам дека на 19 октомври ќе има плебисцит, голема победа, засега е 2:1 со добра позитивна кампања, ќе стигне до 3:1“, рече Таравари.

Таравари рече дека во овој случај законот треба да му се испрати на Мицкоски, и да му се каже дека тоа е волја на Албанците.

„По 19 октомври, мислам дека треба да ги поканиме и нашите браќа од ВЛЕН. Некои од нив ќе се спојат со ВМРО, го знам тоа, но некои од нив сега размислуваат да се приклучат кон овој сојуз по изборите“, додаде Таравари.