„ТАТКО МИ ИМА ТУМОР, БАБА МИ ПОЧИНА, А МОЈОТ ДЕЧКО ‘НАПУМПА’ ДРУГА“: Хрватската водителка помина низ пекол


Нанди Узелац ги изненади сите на Инстаграм со својата исповед пред две години.
Хрватската водителка Нанди Узелац, која неодамна јавно ја прозва Светлана Цеца Ражнатовиќ , пред две години ги шокираше сите со објава на Инстаграм во која призна што и се случило за краток период, поради што се повлече привремено од јавниот свет.

Убавата Спличанка откри дека на татко ѝ бил дијагностициран рак на белите дробови, дека неодамна починала нејзината баба, а нејзиниот долгогодишен партнер чека дете со друга жена.

„Имав многу тежок период! Многу! Оо страв во страв од тоа што се случува. Татко ми доби тумор на белите дробови, мајка му, баба ми починаа, другата е лоша и ситно одбројуваме. Потоа се влошија работите и во љубовта. Мојата долгогодишна љубов направи дете со друга личност, за што дознав преку трети лица. Тогаш почна циклусот каде што заглавив во неквалитетна врска/проблематична личност…“, продолжи таа.

„Тоа беше навистина година за паметење и ме научи многу работи. Да издржам, да истрпам и да бидам силна и своја. Сето ова сега ви звучи збунувачки, нејасно… Она што е сигурно е дека се кренав како пеперутка во свој стил и го најдов својот пат. Своја! Силна и еманципирана! Повторно весела, повторно амбициозна“, заклучи Нанди.