Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени во сообраќајната несреќа што рано утрово се случи во северниот дел на Грција, во близина на границата со Македонија, при судир на туристички автобус од Србија со две возила, а патот од 6.30 часот утрово е затворен за сообраќај
Во несреќата се повредени 42 лица.
Како што беше кажано пред агенција од Панчево, во автобусот во судирот се наоѓале двајца нивни патници, маж и жена . Мажот е добро и неповреден, додека жената наводно се здобила со скршеници на ребрата.
-Ние сме само посредници, двајца патници Г.А и М.А отидоа преку агенција од Ниш. Се слушнав со ќерката на моите патници. Тато е добро и мама има проблем со ребрата, се уште не знаеме ништо, не можев да стапам во контакт со агенцијата. Не знам дали автобусот бил нивни или го изнајмиле – изјавиле пред агенцијата од Панчево.
Да потсетиме, во сообраќајната несреќа учествувале двокатен туристички автобус со српски регистарски таблички, автобус со нишки таблички и 78 патници, кои директно се судриле со автомобил со четворица патници. Тројца сопатници од автомобилот се пронајдени мртви, а четвртиот е тешко повреден. Набргу откако автобусот се судрил со возилото, друг автомобил удрил во возилото. Сепак, двајца патници, жена и дете, не се повредени.
На местото на настанот пристигнале и припадници на полицијата кои вршат увид.
Според грчките медиуми, луѓето веднаш притрчале да помогнат и ги извлекле повредените и онесвестени. Надлежните соопштија дека има 40 повредени возрасни лица, од кои едно е интубирано и две деца на возраст од 6 и 9 години.
Повредените се пренесени во болницата во Кукуш.
Во акцијата учествуваа 12 амбулантни возила и 3 мобилни медицински единици.