Јодот е универзален борец против вирусите и бактериите и во овој момент сите сме сè повеќе изложени токму на овие негативни ефекти. Затоа е важно да не дозволите инфекциите да ви ги расипат празниците И да го зголемите внесот на јод во студените денови.
Д-р Дејвид Дери ја нагласува доминантната улога на јодот во зајакнувањето на имунолошкиот систем, особено во борбата против вирусните и бактериските инфекции. Најважната улога на јодот е токму апоптозата – програмираното уништување на заразените клетки.
Светската здравствена организација препорачува возрасен човек да консумира околу 150 микрограми јод за да ги задоволи дневните потреби за јод, но превентивното дејство се постигнува само со консумирање поголеми количини. Со конзумирање од 1,5 до 2,4 милиграми јод дневно (во зависност од телесната тежина), го зајакнуваме нашиот имунолошки систем и ја намалуваме можноста за инфекција.
Јодот е есенцијален минерал кој нашето тело не може да го произведе, па затоа мора да го консумираме секојдневно. Најмногу јод има во морските алги и морските риби. Јапонците консумираат 1-3 mg дневно.