Терористички напад во Израел, има загинати и повредени

Најмалку едно лице загина, а неколку други се повредени во напад со нож утринава во градот Хаифа, во северниот дел на Израел, соопшти израелската служба за итни случаи.

Полицијата соопшти дека станува збор за „терористички напад“.

Според првичните информации, во нападот биле ранети вкупно пет лица, а еден им подлегнал на повредите. Полицијата соопшти дека нападот се случил на една од автобуските станици во градот.

Како што беше најавено, двајцата напаѓачи се „неутрализирани“ на лице место.