По скандалот за фалсификуваната одлука на Кривичниот суд по налог на претседателот Иван Јолев, со која Бојан Јовановски, познат како Боки 13, се врати во „Идризово“ во преканцерозна состојба и во видно отежната здравствена состојба која не може да се лекува во затвор,
осудениот испратил барање за вонреден надзор и контрола од страна на Судскиот совет, се наведува во соопштението на адвокатскиот тим на Јовановски.
„Јовановски има пријавено дека бара и вонреден надзор на АКМИС системот бидејќи АКМИС е злоупотребен. Исто така, бара преиспитување на сите судски одлуки за суспензија на казната. Потсетуваме, Јовановски веќе предупреди дека е мета на невидена и незаборавна тортура, која влијае и на неговото здравје. Враќањето на Јовановски во казнени услови и во ваква здравствена состојба не само што претставува сериозно кршење на неговите права, туку и опасност по неговиот живот“, се вели во соопштението.
Јовановски очекува тортурата врз него да биде поинтензивна поради сите јавни објави.