Тито не умре на 4 мај? Шокантните тврдења за Броз го кријат неговиот вистински идентитет (фото)

Во неколку наврати е кажано дека Тито не умрел на 4 мај, туку на друг ден, но тој датум е земен бидејќи е празник на Илуминатите.

Постојат различни теории на заговор за потеклото на Јосип Броз Тито, доживотниот претседател на СФРЈ. И децении подоцна, продолжува дебатата за тоа кој бил Тито, што криел…

Еден од митовите е дека Броз бил и масон. Неговите колеги и другари од партијата го признаа тоа на суд, а во прилог на таа теорија често се споменуваа фантастичните односи на Броз со Винстон Черчил, премиерот на Велика Британија.

Беше кажано и дека масонството е одговорно за иницирањето на Движењето на неврзаните, еден од најважните аспекти на дипломатијата на Броз. На крајот, теоретичарите на заговор тврдат, дури и таков погреб, за речиси сите најважни светски државници, немаше да биде возможен да не беше истакнат член на масонската ложа. Во неколку наврати се зборуваше дека Тито не умрел на 4 мај, туку на друг ден, но дека тој датум е земен затоа што е празник на Илуминатите – Денот на милосрдието.