Тијана Дапчевиќ откри интересен детал од животот на починатиот пејач Тоше Проески.
Македонскиот пејач беше пријател на Тијана Дапчевиќ, која неодамна се навраќаше на неговата кариера и откри кој го открил неговиот талент за пеење.
Дапчевиќ објасни дека нејзиниот татко го забележал Тоше во музичкото училиште додека свирел на кларинет како средношколец. Имено, нејзиниот татко слушнал како Проески пее и веднаш реагирал.
„Каков кларинет, пејач е, треба да пее, слушај ме. Татко ми тоа му го кажа на таткото на Тоше и така почна се, после се е историја“, се присети Тијана.
Тијана изјавила и дека му е лута на пејачот што тргнал по патот на поп музиката и се откажал од академијата.
Потсетуваме, Тоше Проески на 26-годишна возраст трагично загина во сообраќајна несреќа во Хрватска. Смртта на омилениот пејач тешко ја поднесоа најблиските, но и неговите колеги и бројните обожаватели ширум регионот.