Том Хенкс веќе 11 години боледува од хронична болест предизвикана од нездрав начин на живот

Том Хенкс неодамна ги загрижи своите обожаватели откако се појави во шоуто. Здравјето му се влошило пред 11 години кога актерот открил дека боледува од дијабетес тип 2.

Тој призна дека неговата дијагноза е резултат на неговото игнорирање на лекарските совети и изборот на начин на живот за кој сега ги плаќа последиците.

“Јас сум дел од мрзливата американска генерација која танцуваше слепо на забавата, а сега се најдовме во болест. Имав вишок килограми, ме гледавте во филмовите и знаете каков бев. Бев комплетен идиот“, додаде тој.

Хенкс го призна типот на болеста од која боледува и рече дека сето тоа е последица на неговиот начин на живот, особено на исхраната.

„Мислев дека можам да го избегнам со отстранување на лебот од плескавиците, но потребно е малку повеќе од тоа“, се насмеа тој.

За потсетување, обожавателите на Том Хенкс изразија загриженост откако актерот гостуваше во популарната емисија „Saturday Night Live“. Имено, многу гледачи забележале дека рацете му се тресат за време на настапот, што предизвика големо внимание на социјалните мрежи.