ТОШКОВСКИ ЗА ПОЛИЦИСКОТО АТАШЕ: ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ИНТЕНЗИВНА ПОЛИЦИСКА СОРАБОТКА ВО СИТЕ ОБЛАСТИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на БЈБ Александар Јанев денеска во просториите на Владата приредија пригоден коктел за полициските аташеа во составот на странските дипломатско-конзуларни претставништва застапени во нашата земја.

Во пригодниот говор, министерот Тошковски, заблагодарувајќи се на досегашната соработка, особено во однос на низата заеднички проекти од различни области, вредните донации во средствата посветени на македонската полиција, како и бројните меѓународни обуки, изрази уверување дека ваквите партнерството ќе продолжи и во иднина главно во име на заеднички вредности и цели.

„Во Новата година продолжуваме со интензивна полициска соработка во сите области, бидејќи сме дел од семејство и се соочуваме со слични предизвици и проблеми, кои се во насока на решавање и обезбедување на глобалната безбедност“, рече Тошковски пред аташеа, најдобри желби за претстојните божиќни и новогодишни празници.