Контроверзната личност Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, вчера беше ослободен. Причината е неговата лоша здравствена состојба, поради што Кривичниот суд одлучи да го ослободи од затвор откако ги разгледал сите лекарски извештаи од повеќе клиники и лекари.
Боки 13 бил опериран, по што бил во лоша здравствена состојба, поради што е неопходно лекување во надворешни услови. Неговиот адвокат тврди дека одлуката, иако бавна, е праведна.
– Во однос на прашањето за кое пројавувате интерес, како бранител, ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донел одлука за прекинување на издржувањето на затворската казна на осудениот Бојан Јовановски. Оваа одлука иако доцни, треба да се поздрави како законска, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења на надлежниот јавен обвинител во иста постапка и врз основа на комплетна медицинска документација за здравствената состојба. на осуденото лице – истакнува адвокатот.
Боки 13 одлежа деветгодишна затворска казна во затворот „Идризово“, на која беше осуден во случајот „Рекет“. Во моментов сè уште не се знае каква е состојбата на Јовановски, ниту како изгледа, бидејќи од неговото апсење во 2020 година во јавноста се појави само една негова фотографија, а тоа е од затворската ќелија каде што беше заедно со уште седум мажи.