Тој „пораснал“ 15 сантиметри!? Теориите на заговор не престануваат по тврдењата дека американскиот претседател Џо Бајден има двојник!? (ВИДЕО)

Џо има двојник! Ова е само една од многуте теории на заговор што ја поттикнаа имагинацијата на корисниците на социјалните мрежи во последните денови.

Имено, огнот го „запали“ неодамнешната средба на американскиот претседател со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон, каде Бајден наводно се појавил повисок за дури петнаесет сантиметри, иако досега биле со слична висина. Фотографиите од нивната средба во Вашингтон го преплавија интернетот и повторно во фокус го ставија шефот на Белата куќа, кој пред неполни две недели под притисок на партиските колеги и гласачите се повлече од трката за реизбор и факелот и го предаде на Камала Харис.

Еден од најпознатите теоретичари на заговор, Алекс Џонс, кој го предвиде нападот на кулите близначки на 11 септември 2001 година, на својот профил „Х“ објави видео од двајцата лидери, тврдејќи дека тоа не е шефот на Белата куќа.

-Нема сомнеж дека ова не е вистинскиот Џо Бајден. Нозете му се подолги за 15, 20 сантиметри, а лицето му е јасно различно. Длабоката состојба ја заврши работата. Нејзиниот државен удар врз извршната власт е завршен и гарантирано ќе се обиде да украде уште едни избори – истакна Џонс.

Социјалните мрежи потоа почнаа да ги споредуваат последните фотографии од средбата меѓу Бајден и Нетанјаху со претходните. Според официјалните податоци, американскиот претседател е само еден сантиметар повисок од неговиот израелски колега, додека контроверзното видео наводно покажува значителна разлика во висината.

Ова, сепак, не беше единствената ситуација во која, според теоретичарите на заговор, Бајден – порасна. Неколку дена по опоравувањето од корона вирусот, Бајден се појави со сопругата Џил пред Белата куќа, каде што беа снимени од камерите. На „твитерџиите“ им гореа прстите од типкање хумористични коментари против претседателот на САД, тврдејќи дека од Ковид 19 добил во висина!

– Бајден порасна неколку сантиметри за петте дена колку што го немаше – напиша еден корисник на „Икс“.

А дека Бајден има клон верува и познатиот американски комичар Џо Роган.

– Погледнете колку е голем овој човек. Тој е многу повисок од Џил. Изгледа добил 15 сантиметри. Навистина изгледа како поинаква личност – изјави Роган.

Откако на 17 јули беше објавено дека Бајден бил позитивен на ковид 19 и во екот на најсилниот притисок да се повлече од трката за втор мандат, почнаа да се шират теории дека тој воопшто не е болен. Овие сомнежи ги зголеми претседателскиот кандидат на републиканците, Доналд Трамп, со прашањата „дали некој навистина верува дека гнилиот Џо ја има короната“, и оценките дека имало државен удар против Бајден.