Познатиот холивудски актер Џин Хекман (95), неговата сопруга Бетси Аракава и нивното куче се пронајдени мртви во нивниот дом во Ново Мексико, САД.
Полицијата сè уште го истражува случајот и засега не е позната причината за нивната смрт, пишува Дејли Мејл .
Хекман и неговата сопруга Бетси, која не беше толку позната на јавноста , беа во брак од 1991 година. Локалните медиуми првично објавија дека убиството не е осомничено, но полицијата објави соопштение во кое се вели дека веќе спроведува „активна истрага“.
Шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза, не наведе причина за смртта, ниту пак кажа кога парот починал.
Во средата попладне полицијата пристигнала во куќата во Санта Фе во која славниот актер живеел со сопругата од 2004 година.
Хекмен живеел тивко, далеку од очите на јавноста, а семејната куќа во Санта Фе имала површина од 2.367 квадратни метри, две спални соби и две бањи, а била изградена во 2000 година .