Морничави случувања…
Млад фудбалер (15) починал во болница како последица на ударите добиени во тепачка на натпревар на меѓународниот младински турнир во Франкфурт. На натпреварот помеѓу неговиот тим и противничкиот тим настанала општа тепачка и тој добил смртоносен удар во главата.
Го удрил 16-годишен играч на француски клуб, нанесувајќи му тешки повреди на мозокот.
Младиот фудбалер се бореше за живот, но по неколку дена поминати во болница и голема борба почина.
Франкфуртската полиција најави дека во наредните денови ќе биде објавена обдукција, додека напаѓачот кој го нанесе смртоносниот удар ќе остане во притвор.
Тепачката меѓу момчињата на Берлин и француската екипа се случила по натпреварот во неделата, а полицијата во моментов се уште ги истражува сите околности, а од сведоците и луѓето кои имаат снимки побарале да дојдат и да ги предадат на полицијата и да ги дадат изјави, пренесува „Телеграф“.