Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп синоќа пристигнаа во Рим за да присуствуваат на погребот на папата Франциско .
Им беше дозволено да влезат во базиликата Свети Петар пред почетокот на погребот и накратко да застанат пред запечатениот ковчег, со што му оддадоа последна почит на починатиот поглавар на Римокатоличката црква.
Тие се едни од ретките на кои им е дозволено „насамо“ да се простат од папата и да му оддадат почит.
Donald Trump se despide del Papa Francisco. pic.twitter.com/aIJ0vREpEB
— Universitarios Católicos (@UniCatolicos_es) April 26, 2025
Оваа привилегија ја имаше и италијанскиот претседател Серџо Матарела.
За потсетување, церемонијата ќе започне во 10 часот на плоштадот Свети Петар, а потоа поворката ќе се движи низ Рим до базиликата Санта Марија Маџоре, каде што ќе биде погребан папата.
На погребот присуствуваат повеќе од 130 делегации од целиот свет, меѓу кои, покрај Трамп, поранешниот претседател Џо Бајден и неговата сопруга, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, како и српскиот премиер Ѓуро Макут …