Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денес ќе потпише извршна наредба за намалување на цените на лековите што се издаваат на рецепт на нивото што го плаќаат другите земји со високи приходи, што, според него, ќе биде од 30 до 80 проценти помалку, објави Ројтерс.
Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп рече дека ќе потпише извршна наредба за спроведување на таканаречено одредување цени на „најповластена нација“ или меѓународно референтно одредување цени.
Соединетите Американски Држави плаќаат најмногу во светот за многу лекови на рецепт, честопати речиси три пати повеќе од другите развиени земји, истакнува Ројтерс. Трамп рече дека сака да го елиминира овој јаз, но јавно не прецизираше како и не даде детали во својата објава.