Трамп: Штетата врз нуклеарните централи е „монументална“

Американскиот претседател Доналд Трамп сподели порака на Truth Social, нарекувајќи ги нападите на САД врз нуклеарните постројки на Иран „силни и прецизни“.

„Нашата армија покажа одлични способности“, додаде тој, пренесува Телеграф.

Претходно, нуклеарното надзорно тело на ОН соопшти дека нуклеарната централа Натанц во Иран е „целосно уништена“, а нуклеарката Исфахан претрпе „многу значителна штета“.

Но, штетата на подземната електрана Фордоу сè уште останува „нејасна“, рече Рафаел Гроси.

Од друга страна, американските бомбардери Б-2 веќе слетаа од базата од која тргнаа на долго патување за да ги нападнат иранските нуклеарни постројки.

Асошиејтед Прес објави снимки од слетување на џиновски авиони на пистата на воздухопловна база во Мисури, САД.