Синоќа во близина на метро станицата Клемансо во бриселската општина Андерлехт се случи ново пукање поврзано со дилери на дрога.
Обвинителството на белгискиот главен град и на ЕУ соопштија дека ова е трет ваков инцидент во Брисел во последните 24 часа, при што едно пукање се случило во општината Сен Жозеф и две во близина на метро станицата Клемансо.
Локалните медиуми јавија дека едно лице е рането во ногата синоќа при размена на оган во близина на станицата што се случила околу 03:30 часот.
Вчера наутро две маскирани лица пукале од автоматско оружје налик на калашникови на истата локација.
Покрената е голема полициска потера, но осомничените кои побегнаа во тунелите на метрото сè уште не се уапсени.
Белгиските власти веруваат дека сите три инциденти се поврзани со шверц на дрога и дилери на територијата.
– Снимките од надзорните камери покажуваат дека пукотниците биле одмазда со цел да се контролира територијата – соопшти бриселското обвинителство, пренесе луксембуршки RTL.
Загриженоста за јавната безбедност во белгискиот главен град, наводно, била зголемена кога залутан куршум влегол во детска соба на улица во близина.