Три силни земјотреси на Санторини за 7 минути: Најсилни 5 степени според Рихтеровата скала, граѓаните преплашени

Три силни земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, го погодија Санторини за само седум минути .

Првиот земјотрес беше во 8 часот и 9 минути по наше време, со јачина од 4,2 степени. Две минути подоцна следеше земјотрес со јачина од 4,3 степени по Рихтер, по што во 8 часот и 16 минути следеше најсилниот земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала. По само неколку минути, земјата повторно се затресе, но помалку силно.

„Навистина се чувствуваше“, „Сè се тресеше“, „Го почувствувавме дури и во Калитеа“, напишаа луѓето на EMSC.

Најсилниот земјотрес бил на длабочина од 14 километри, а епицентарот бил на 21 километар североисточно од селото Оја. Во истото подрачје со денови се регистрирани стотици и стотици земјотреси над 3 степени според Рихтеровата скала.

За потсетување, во последните денови повеќе од 10.000 луѓе и туристи во паника го напуштија островот.