Турски беспилотни летала „Бајрактар“ испорачани во Албанија

Турски беспилотни летала „Бајрактар“ испорачани во Албанија

Турски беспилотни летала „Бајрактар“ се испорачани во Албанија, изјави денеска албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши.

Тој на Фејсбук изјави дека е започнато монтажата на беспилотните летала, како и паралелно поставување на потпорната инфраструктура за нивно работење и контрола.

Според него, овој развој „не само што ги зголемува одбранбените капацитети на Албанија, туку служи и како доказ за посветеноста на земјата да ја гарантира националната безбедност“ и „за исполнување на највисоките одбранбени стандарди“.

– Ова достигнување е симбол на нашата посветеност на модернизација и иновација за нашите вооружени сили – вели Пелеси, пренесе „Албанска пошта“.