Вчера во 13.00 часот во туристичкиот комплекс „Инекс“ во Охрид, полициски службеници го приведоа 22-годишниот Р.С. од Сојузна Република Германија, извести СВР Охрид.
„Тој, пливајќи покрај брегот на езерото, излегол од водата и неовластено се упатил кон објект сопственост на државен орган“, соопшти СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.