Уште еден Србин е уапсен денеска во Прилужје, а по апсењето полицијата го одвела во Приштина.
Тој бил уапсен кога, како што пишуваат српските медиуми, работници на KEDS го повикале да излезе пред куќата, каде што го чекале полицајци.
Причината за апсењето сè уште не е позната.
Претходно денеска, во утринските часови, уште еден Србин беше уапсен во Северна Митровица, а поранешен припадник на полицијата во Звечан.