УЕФА ја разгледува заедничката кандидатура на Турција и Италија за домаќин на ЕУРО 2032 година

– Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави дека ја разгледува кандидатурата што заеднички ја поднесоа Турција и Италија за домаќин на Европското фудбалско првенство во 2032 година.

Во соопштението се наведува дека УЕФА го прифатила барањето на Турција која се повлече од кандидатурата за организација на Европското првенство во 2028 година и дека го разгледува барањето поднесено од Турција со Италија за заедничка организација на ЕУРО во 2032 година.

По повлекувањето на Турција, заедничката кандидатура за Велика Британија и Република Ирска остана без конкуренција за домаќин на ЕУРО 2028 година.

Управниот одбор на УЕФА на 10 октомври во Нион, Швајцарија, ќе донесе одлука за домаќинот на Европското првенство во 2028 година и за конечните кандидати за ЕУРО 2032 година.

Тѕрција претходно се кандидираше за ЕУРО 2028, но Фудбалскиот сојуз на земјата соопшти дека ќе се повлече доколку нејзината заедничка понуда со Италија за ЕУРО 2032 биде прифатена.