,,Украина е веќе готова!?” Шокантни тврдења на поранешен американски полковник

Американскиот пензиониран полковник Даглас Мек Грегор смета дека Украина е веќе готова и дека Путин наскоро ќе прогласи голема победа.

– Украина како национална држава, според мене, е веќе мртва. Нејзините градови и инфраструктура се уништени. Целата нејзина индустриска база беше префрлена во Русија. Тоа се традиционално региони во кои живеат Руси – рече Мек Грегор.

Ова политичарот го изјави на својот канал на Јутјуб.

Тој истакна дека 40 отсто од украинските градови се веќе уништени, а милиони луѓе ја напуштиле земјата.