Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години оваа недела ќе одигра два контролни дуели на гостински терен против Кипар во рамки на подготовките за априлскиот циклус во Лигата на нации што ќе се одржи во Скопје.
Со двата контролни натпревари избраничките на селекторот Мерко ги почнуваат подготовките за натпреварите во групата Б1 од Б-дивизијата во Лигата на нации на УЕФА против Грузија, Гибралтар и Израел на домашен терен од 4 до 10 април.
Селекторот Астрит Мерко повика 20 фудбалерки за натпреварите против Кипар, в среда од 14:30 часот, и два дена подоцна во истиот термин на стадионот „Тасос Марку“ во Паралимни:
Голмани: Берна Кабакчи, Клара Андреевска;
Одбрана: Симона Ребека Маијер, Ефимија Цунева, Едина Сулејмани, Матеа Блажевска, Миа Головска, Сара Ефтинџиоска, Дајана Ристовска;
Среден ред: Ера Стеблева, Радица Велкова, Сара Мена, Кристина Мојсоска, Андреа Донева;
Напад: Јехона Велиу, Лора Сулејмани, Веса Села, Билјана Панеска, Ајна Исејни, Еда Далипи