,,Фалат само 25 гласа” – Изборите во Гостивар може да се повторат

Недостасуваат околу 25 гласа за да се постигне цензусот за Општина Гостивар. Излезноста на гласачите според податоците од Државната изборна комисија е 31,31%, додека според Изборниот законик, за да се постигне условот, мора да излезе една третина од избирачкиот список, односно над 33,33%.

Сепак, во текот на денот, официјалните записници ќе пристигнат во ДИК, преку кои се очекува да бидат потврдени конечните резултати од избирачките места. Записникот може да го промени резултатот доколку податоците испратени преку СМС-порака не биле целосно точни. Доколку се постигне цензусот, тогаш кандидатот на АКИ, Валбон Лимани, ја добива трката во првиот круг со 61,39% од гласовите.

Цензус официјално не е достигнат во Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа, каде што изборите ќе треба да се распишат од почеток и целата изборна постапка да се повтори.