Ферари на прекрасен начин се прости од својот сега веќе поранешен возач Карлос Саинц Јуниор. овозможувајќи му да, во друштво на неговиот татко, легендарниот рели возач Карлос Саинц постариот. вози болид од Формула 1.
Станува збор за болидот Ф1-75, кој Ферари го користеше во сезоната 2022 година. Пријатна дружба беше организирана на патеката Фиорано во Италија. Постариот Саинц се снајде добро, и иако заврте еднаш на патеката, сепак извозе неколку добри кругови. Помладиот Саинц беше со него на патеката возејќи го болидот во кој ја освои својата прва Ф1 победа на Големата награда на Британија во 2022 година.
По возењето на Ф1 болид, тие уживаа во историскиот модел 735 LM, кој учествуваше на трки како што се Mille Miglia и 24 Hours of Le Mans.
По забавата на патеката, целиот тим на Ферари, вклучувајќи го и Ф1 возачот Шарл Леклер и директорот на тимот Фред Васер се собраа на групна фотографија.
Да потсетиме, помладиот Саинц пристигна во Ферари во 2021 година по заминувањето на Себастијан Фетел во Астон Мартин и во текот на таа сезона беше подобар во поредокот кај возачите од споменатиот Леклер. Потоа следеше победа на Силверстон во 2022 година, како и во Сингапур минатата година, со што беше прекината долгата серија на триумфи на Ред Бул Рејсинг. Во неодамна завршената сезона успеа да слави во Австралија и Мексико Сити. Помладиот Саинц забележа вкупно 25 подиуми со Ферари, како и 900,5 поени на 88 возени трки. Неговото место во италијанскиот тим ќе го заземе Луис Хамилтон од Мерцедес, додека Шпанецот кариерата ќе ја продолжи во Вилијамс покрај тимскиот колега Александар Албон.