Фердинанд воодушевен од собата за трофеи на Реал – Бекер мораше да се јави и да го спомне Ѓоковиќ

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд го следеше дуелот помеѓу Реал и Арсенал во Лигата на шампионите, а доаѓањето во Мадрид го искористи за да ја посети трофејната соба на „кралскиот клуб“.

Реал на свој терен не успеа да направи пресврт против Арсенал, кој со двојна победа на вкупни 5:1 помина во полуфиналето од Лигата на шампионите, а пред тој меч Фердинанд успеа да ја посети трофејната соба на шпанскиот клуб, која навистина го импресионираше.

Колку добро ја познавате Евролигата? Извидникот го има одговорот.

„Најдете ми подобра соба за трофеи…“ , напиша Фердинанд на социјалните мрежи како опис на фотографијата на која има дури 17 трофеи „Златна топка“.

Наскоро на таа објава одговори Борис Бекер, поранешниот тренер на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Ја видовте ли Новакова… Само кажувам“, напиша Бекер.

Ѓоковиќ освои се што може да се освои во кариерата. Тој има освоено вкупно 99 трофеи, од кои 24 се од Гренд Слем, олимписка бронза и злато, освоени минатата година на Игрите во Париз, со што ја комплетира својата колекција.