ФИНСКИТЕ СТУДЕНТИ СЕ НАЈСРЕЌНИ НА СВЕТОТ: Ќе ви откриеме зошто

Според бројни истражувања, Финска со години се смета за „најсреќна земја“. Тоа значи дека таму живеат задоволни, исполнети и среќни луѓе, луѓе кои го поддржуваат своето општество и неговите институции и кои во нив ја наоѓаат потребната поддршка. Една од тие институции е основно училиште. Имено, според резултатите од најновото истражување, учениците во финските училишта се посреќни од нивните врсници од кој било друг дел на светот.

Дали можеме да научиме нешто од оваа далечна земја и колку Македонија се води по примерот на Финска , ви пренесуваме во следните редови.

Финскиот образовен систем неодамна претрпе големи промени, реформирајќи го од темел. Овие промени, колку и да изгледаат радикални, доведоа до тоа дека денес нивните студенти не само што се најсреќни, туку и по знаење и резултати се пред САД и Велика Британија. Подеднакво среќни се и наставниците кои како една од предностите ги издвојуваат избалансираните работни обврски и приватниот живот. И како Финска го постигна сето ова? Да ги погледнеме подетално тие промени.

  • Финските студенти имаат помалку часови во текот на неделата во споредба со другите развиени земји. Сепак, и покрај помалиот број работни часови, резултатите што ги постигнуваат се значајни. Наставата во оваа северна земја започнува меѓу 8 и 9 часот, а сите часови завршуваат пред 14 часот.
  • Паузата е многу важна во текот на работниот ден, па така на секои 45 минути на час малите Финци имаат по 15 минути одмор и игра.
  • Во Финска, децата стануваат ученици релативно подоцна од сите други деца. Жителите на оваа земја сметаат дека предвременото вклучување на детето во образовниот систем нема научно докажани предности, па овде децата почнуваат на училиште дури кога ќе наполнат седум години. Причината за тоа е фактот што на децата треба да им се даде време психички да се развијат и да се подготват за сите училишни предизвици.
  • Наместо да одат на училиште, пред да наполнат седум години, малите Финци одат во дневни центри или во некоја предучилишна установа, каде што идните ученици учат преку забава и креативна игра . Тука имаат и можност да се навикнат на новите обврски и да се подготват за идното школување.
  • Задолжителното образование трае вкупно 11 години, што значи дека учениците можат да го напуштат образованието на 18 години. Секое дополнително образование после тоа е опционално.
  • Нема оценки за првите шест години на училиште.
  • Покрај тоа што учениците не се оценуваат, нема оценки ниту за училиштата. Тоа значи дека нема подобро или полошо рангирани училишта, образование со повисок или понизок квалитет. Во Финска се поттикнува соработката меѓу училиштата и еднаков квалитет на образованието, без разлика во кој град се наоѓаат институциите, во кој регион припаѓаат или кој предава во нив.
  • Препуштањето на сето горенаведено на наставниците не е проблем кога знаете дека училиштата се екипирани од едни од најквалификуваните наставници во светот. Овој стандард е поставен од системот, според кој барањата за оваа позиција се многу високи. Тоа го поткрепува и фактот што само 10% од пријавените потенцијални наставници се адекватни кандидати, а секој од нив има завршено и магистерски студии. Во Финска, титулата наставник се поистоветува со титулата доктор или правник, бидејќи една од најважните работи во општеството треба да биде кој ги воспитува и учи нашите деца.
  • Училишните оброци се бесплатни во сите училишта. Уште од 1943 година, учениците добиваат топол оброк секој ден за сите девет години школување.
  • Финска верува дека секое дете е посебно и дека секој ученик има различни потреби, така што сите ученици добиваат персонализирана поддршка за време на нивното образование .
  • Финските деца имаат помалку домашни задачи од кое било друго дете на планетата. Наместо тоа, се поттикнува практиката се што треба да се заврши на училиште, а слободното време да биде токму тоа – време за слободни активности.
  • Студентите во Финска учат повеќе јазици. Се разбира, тие учат фински уште од првиот училишен ден. Кога ќе наполнат девет, училиштата ги запознаваат со втор јазик, кој обично е англискиот. Потоа, околу 11 години почнуваат да учат шведски, а до 13 години веќе учат четврти јазик.

Ова се само дел од потезите кои Финска ги направи во текот на училишната реформа, а кои доведоа до одлични резултати, што најдобро го покажуваат бројките.

Дури 93% од учениците во Финска завршуваат средно образование, а 66% од нив се одлучуваат за понатамошно образование по завршувањето на средното образование.