ФИФА отстрани промотивна фотографија од играчите на Ал Ахли поради нараквицата „Слободна Палестина“

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги отстрани промотивните фотографии од фудбалерот на Ал Ахли, Хусеин ел Шахат, пред натпреварот од Светското клупско првенство против Интер Мајами.

ФИФА забележа дека Ел Шахат носи нараквица на која пишуваше „Слободна Палестина“ и брзо решија да реагираат и да ја сокријат оваа порака.

Овој потег на ФИФА наиде на негодување од страна на фудбалските навивачи во Египет, кои го нарекуваат срамен и одвратен чин на светската фудбалска управа.

Тие изјавија дека ФИФА не само што молчи за геноцидот што се случува во Газа, туку ги замолчува и сите оние што почнуваат да зборуваат за оваа тема.

Да потсетиме, на отворањето на првенството, Ал Ахли ремизираше со фаворизираниот американски Интер од Мајами, а резултатот беше 0:0.

Египќаните беа поблиску до победата, но на крајот од првото полувреме, Оскар Устари го сопре ударот на Трезеге.