Фицо до Зеленски: Јас сум премиер на Словачка, а не украински слуга

Зеленски смета дека секој треба да му биде слуга, рече словачкиот премиер Роберт Фицо и посочи дека е сè поблиску до ставање вето на помошта за Украина.

– Претседателот Зеленски смета дека секој треба да му биде слуга. Роберт Фицо е словачки премиер, а не украински слуга – рече во својот говор словачкиот премиер Роберт Фицо.

Фицо истакна дека сè повеќе верува оти претседателот Зеленски се обидува да ја принуди Словачка на соработка и смета дека Словачка ќе се согласи на тоа.

Тој потсети дека веќе ги навел можните дејствија што може да се преземат.

– Сè повеќе сум склон да ставам вето на понатамошната европска финансиска помош за Украина, бидејќи за таква одлука е потребно едногласност во Европскиот совет – нагласи тој.

Фицо претходно рече дека ако Зеленски одлучи да и’ наштети на целата Европска унија со суспендирање на транзитот на гас, ќе стави вето на помошта за Украина.