Фон дер Лајен: На ​​Берлинскиот процес за достигнувањата и иднината во која Западен Балкан е дел од ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека за време на самитот на Берлинскиот процес ќе разговараат за досегашните достигнувања, но и за иднината во која сите шест партнери од Западен Балкан се дел од ЕУ.

Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс посочи дека овогодинешниот самит ја одбележува 10-годишнината од Берлинскиот процес и порача дека „добро е да се биде во Берлин со нашите партнери од Западен Балкан“.

„Да погледнеме назад на нашите достигнувања, но особено да гледаме напред. Кон иднината во која сите шест партнери од Западен Балкан ќе бидат дел од нашата Унија“, рече Фон дер Лајен.