Фотографии од познатиот фудбалер со две ,,жешки” Србинки! Тие беа фатени на дело во Милано (фото)

Приказната за Кајл Вокер и неговото лудо време со две српски манекенки во Милано  одекна низ цела Англија.

Познатиот англиски фудбалер веројатно го има најбурниот приватен живот од сите контроверзни англиски асови, а тоа што се пресели во Италија не смени ништо. Сè уште „лудува“.

Сопруга, љубовница, шест деца и бројни афери на полето на љубовниот живот. И уште продолжува. 

Сопругата Ани му прости за сè, па дури и го посетува во Милано, а тој… Откако ги испрати сопругата и децата во Англија – Кајл реши да излезе на луда забава со две Србинки, Маријана Видовиќ и Драгана Драча.

Тие веднаш станаа „главни теми“ на таблоидите во Британија.

За потсетување, англиски „Сан“ објави дека Вокер имал ноќно излегување со Србинки и дека не штедел пари за нив. Плаќал пијачки од неколку илјади евра…

– Маријана и Драгана ја поминаа вечерта со 34-годишниот фудбалер кој е на позајмица во Милан. Тоа се случи само 24 часа откако неговата сопруга Ани го посети во Италија – напиша „Сан“.