Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, пристигна во федералниот суд во Вашингтон денеска каде ќе се соочи со обвиненијата за криминален заговор со кој сакал да го измами американскиот народ со поништување на изборите во 2020 година.
Се очекува Доналд Трамп, фаворитот за претседателска номинација на републиканците во 2024 година, да се изјасни за невин, јавија американските медиуми.
Според обвинението Доналд Трамп се соочува со четири точки, вклучувајќи заговор за измама на државата, влијание врз сведок и заговор против граѓанските права. И покрај ова, Доналд Трамп во моментов води во анкетите за републикански кандидат на изборите следната година.
Републиканците во Конгресот застанаа зад поранешниот претседател, тврдејќи дека најновиот процес покажува дека САД станале „банана република“ и повторувајќи ги неговите тврдења дека се работи за мешање на државата во изборите.
Против Доналд Трамп, кој беше 45 американски претседател, веќе се водат два процеса. Во најновиот случај се соочува со азтворск аказзна од 35 години.