ФОТО | ‘ЖИВОТ СО СТИЛ!’ – Вереницата на Џеф Безос се појави во Св. Тропе, а сите ја коментираат нејзината згодна фигура и еден детал вреден милиони долари – погледнете!

Не се знае што е поозборувана тема денови – фотографијата од бујното деколте на Лорен Санчез (53 г.) или свршеничкиот прстен ? Каде и да се појават Џеф Безос (59 г.) и неговата свршеница папараците се натпреваруваат да ја фатат нејзината биста и 30-каратниот прстен чија вредност се проценува меѓу 2,5 и 5 милиони долари, а сега се појавија и во Сен Тропе.

Истовремено, треба да се каже дека парот патува низ светот со мег-јахтата вредна 500 милиони долари, а Лорен Санчез има само една задача за Џеф Безос, основачот на Amazon – снимај ме во овој костим за капење, снимај ме во тој костим за капење…

Пред француската ривиера, парот пловел низ Шпанија, поминал време на Ибица, а некаде за време на патувањето Џеф Безос ја запросил, а Лорен Санчез рекла „да“.

Лорен Санчез

А пред само 4 години во нивните животи се одвивала вистинска драма. Милијардерот беше во средината на разводот од Мекензи Скот, најскапиот во историјата затоа што и плати 38,3 милијарди долари во акции на Amazon (таа веќе се разведе од вториот сопруг во меѓувреме), а Лорен Санчез се разведе од нејзиниот сопруг Патрик Вајтсел.

Лорен Санчез и Џеф Безос

Џеф Безос има четири деца од бракот со Мекензи Скот, а Лорен Санчез има две деца со Вајтсел и едно со поранешната НФЛ ѕвезда Тони Гонзалес.

животЛорен СанчезЏеф Безос