ФОТО | Згодната турска актерка во деколтиран фустан со детаљ го разубави црвениот тепих во Кан

Турската актерка Ханде Ерчел блесна на премиерата на филмот „Мегалополис“ на Френсис Форд Копола на отворањето на 77. издание на Канскиот филмски фестивал.

Таа за оваа пригода избра деколтиран фустан со голема машна. Изгледот го комплетирала со зашилени потпетици, шминка и накит. Таа расположена им позирала на присутните фотографи, а на социјалните мрежи имаше само пофалби.

„Изгледа како принцеза“, „Овој фустан е тотален хит“, „Таа само блеска“, „Колку е прекрасна“, се дел од коментарите.

Нејзиниот прв актерски ангажман беше во 2013 година во серијата „Татар Рамазан“. Првата голема улога ја доби во 2015 година во серијата „Ќерките на Ѓунеш“. Таа глумеше и во сериите „Љубовта не разбира зборови“, „Црн бисер“, „Прстен“, „Азизе“, „Чукни ми на врата“…

Таа беше прогласена за Мис на Турција во 2012 година, а многумина ја сметаат за една од најубавите Турчинки досега. Таа беше во врска со актерот Керем Бурсин, но раскинаа по неколку месеци врска.

Таа моментално е во врска со милијардерот Хакан Шабанчи, а турските медиуми неодамна објавија дека ќе се венчаат ова лето.