Пејачката Северина Вучковиќ (51 г.) го однела својот син Александар на патување во Ватикан и Рим, а спомените решила да ги сподели со следбениците на социјалните мрежи.
Пејачката објави 8 фотографии и 2 видеа од Ватикан, а на нејзините обожаватели посебно го привлече вниманието на фотографиите со нејзиниот син.
Имено, на првата фотографија Северина е во беж јакна, малку потемна нијанса на маица и спортски патики, покрај нејзиниот син кој е облечен во бела маица, темно сини панталони со војнички дезен, а истата шема ја има и на неговиот визир – кој го крие неговото лице. На третата фотографија повторно е Александар, но фотографиран одзади.
„Боже, какви глупави закони се овие што вашето убаво дете секогаш мора да го крие лицето“, гласел еден од коментарите на тажните следбеници под објавата.
„Тажно е да се види дека лицето на вашето дете мора да се покрие“, напишале следбениците, коментирајќи дека такво нешто е – „срамота“.
Да потсетиме, Северина од 2019 година има судска забрана за објавување фотографии од нејзиниот син на социјалните мрежи. Казната за тој прекршок имаше и парична вредност и плати казна од 3.000 куни и истата може да се удвојува секогаш кога ќе се прекрши забраната. Ваквата забрана е донесена на барање на Милан Поповиќ, таткото на Александар.
Последните фотографии на социјалната мрежа Инстаграм на Северина покажуваат дека таа одлично се забавува со синот, менаџерот и пријателите во Рим. Сепак, и на тие фотографии лицето на Александар се крие зад темно сина капа со војнички дезен.
Погледнете ги фотографиите ОВДЕ.