Хакери поврзани со Иран упаднале во системите на повеќе организации во САД

 – Хакери поврзани со Иран упаднаа во повеќе организации во САД, соопштија ФБИ, Агенцијата за заштита на животната средина, Агенцијата за кибер безбедност и инфраструктурна за безбедност (CISA) и израелската Национална кибер дирекција.

Тие не кажаа колку организации биле хакирани, а во нападнатите институции се вклучени оние за „производство на енергија, храна, пијалаци и здравствена заштита“.

Експертите за кибер безбедност велат дека иако нема докази за иранска вмешаност во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври што ја предизвика војната во Газа, тие очекуваа ирански и пропалестински хакери да извршат кибер напади врз Израел и неговите сојузници.

Не е познато дали хакерите се обиделе да навлезат подлабоко во кибер мрежите на разни организации.

Во извештајот на агенциите се наведува дека пристапот што го добиле овозможил „подлабоки кибер-физички ефекти врз процесите и опремата“.

Експертите велат дека многу водоводни претпријатија не посветиле доволно внимание на кибер безбедноста.

Безбедносните агенции тврдат дека хакерите, кои себеси се нарекуваат „Кибер одмаздници“, (Cyber Av3ngers) се поврзани со иранскиот корпус на Гардата на исламската револуција, која САД во 2019 година ја прогласија за странска терористичка организација.