Силна бура со грмотевици го погоди атлантскиот брег на Аргентина, а претходно со сета сила го опфати централниот и североисточниот дел на земјата.
Најмалку 13 лица загинаа.
Вестта за бројот на загинати ја потврди Федерико Сусбиелес, градоначалник на Баија Бланка на социјалната мрежа Х.
Овој град се наоѓа во близина на јужниот крај на провинцијата Буенос Аирес, еден од регионите во Аргентина со најголемо производство на жито.
Кабинетот на аргентинскиот претседател Хавиер Мајли (Хавиер) објави соопштение во кое им изразува сочувство на семејствата на жртвите и ги советува жителите да останат во своите домови, предупредувајќи на разорните налети на ветрови кои надминуваат 150 километри на час.
Силен систем со грмотевици се формираше над централните региони на Аргентина, со многу силни ветрови со урагански сили, град и обилни врнежи.
Невремето буквално уништуваше сè пред себе и последицата е огромна материјална штета.