Хаос во Берлин: Општа тепачка меѓу турски и холандски навивачи по натпреварот, “летаа” боксови и клоци на сите страни (Видео)

Немили сцени меѓу симпатизери на двата тима.

На навивачите на Турција не им беше лесно да бидат елиминирани од ЕП од Холандија, каде и покрај одличната игра беа поразени со 2:1.

Беше одличен фудбал од двете страни и еден од најдобрите натпревари на првенството, а на крајот Холандија се пласираше во полуфиналето пред полниот Олимписки стадион во Берлин.

Навивачите на двете репрезентации во текот на денот ги преплавија улиците на Берлин, а на стадионот владееше одлична атмосфера.

Сепак, по натпреварот видовме и немили сцени, бидејќи имаше и општа тепачка меѓу навивачите кои се сретнаа по натпреварот.

Погледнете како тоа изгледаше: