Не само Русите ги напаѓаат украинските позиции!
Украинските војници на фронтот имаат огромни проблеми со дабарите кои немилосрдно влегуваат во нивните ровови. Неколку такви видеа на социјалните мрежи станаа вирални набргу откако беа објавени, на кои се гледа како украинската војска извлекува дабари од рововите.
И откако ќе ги извадат – дабарите повторно се враќаат во рововите.
На едно видео може да се види дека дабарот сака да гризе луѓе кои очигледно ги смета за натрапници на неговата територија.
Некогаш Business Insider пишуваше за изјавата на воениот портпарол на Киев, кој рече дека дабарите му помагаат на Киев со изградба на брани кои ја одржуваат земјата мочурлива и непроодна. Ова особено помага да се спречи можен напад од територијата на Белорусија (границата на двете земји е крајно мочурлива) благодарение на елените и дабарите. Мочурливите услови на Украинците би им дале предност и време да се подготват.
– Кога дабарите ги градат своите брани, луѓето обично ги уриваат, но годинава поради војната ќе биде поинаку. Па, вода има насекаде – рече Сергеј Комински, кој ги пофали и дабарите.
Дабарите се познати како извонредни градители , користејќи гранки од дрвја, вегетација, камења и кал за да создадат брани кои ги штитат од предатори.
Социјалните мрежи горат од коментарите.
– Ова мора да се канадски волонтери – напишал еден корисник.
– Тие сакаат да волонтираат за територијална одбрана за да и ја понудат својата инженерска експертиза на Украина – додаде друг корисник.
– Чувари на северот – продолжи третиот.