Храна која го прочистува организмот! Еден вид зеленчук ги отстранува токсините од црниот дроб

Храна која го прочистува организмот! Еден вид зеленчук ги отстранува токсините од црниот дроб
Постојат намирници кои треба да се внесат во исхраната не само затоа што се вкусни. Дури и ако не ви се допаѓаат, јадете ги затоа што се здрави.

Еве што можат да направат некои од нив.

Авокадото ги отстранува токсините од црниот дроб

Црниот дроб е тој што го ослободува нашето тело од токсините, но меѓу нив има и бројни штетни материи кои можат да го попречат функционирањето на црниот дроб.

Затоа авокадото е добро и треба редовно да го вклучувате во вашата исхрана бидејќи е полно со глутатион, кој ги разградува хемиските токсини.

Грејпфрутот ги отстранува мастите

Грејпфрутот е природен согорувач на маснотии, поради што е суштински дел од секоја диета! Јадете го како ужина, направете сок, додадете лимон, мед, цимет… Одлично е и за зајакнување на вашиот имунолошки систем .

Краставицата го освежува здивот

Краставицата е природен освежувач на здивот, како и јаболкото. Кога јадеме свежа краставица, таа ја стимулира плунката, која помага да се отстранат остатоците од храна од нашата уста, што е она што создава непријатен мирис.