Цените на нафтените производи се намалуваат 

Регулаторната комисија за енергетика, водоснабдување и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија ја донесе одлуката, со која малопродажните цени на нафтените производи се намалуваат во просек за 0,93% во споредба со одлуката од 13.10.2025 година.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (D-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕL-1) се намалуваат за 1,00 ден/литар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Малопродажната цена на Мазут М-1 SU се намалува за 0,614 ден/кг и ќе изнесува 36,047 ден/кг.

Од 21.10.2025, 00:01 часот, максималните цени на нафтените производи ќе бидат:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 73,00 (денари/литар)

ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 75,00 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ БС (ДЕ В) ќе се продава за 67,00 (денари/литар)

Екстра лесното масло за горење 1 (EL-1) ќе се продава за 36.047 денари/литар

Mazut М-1 SU 36.047 (ден/килограм).