Граѓаните во повеќе општини во Црна Гора почнаа да се собираат околу 19 часот, во знак на протест против формирањето влада со поранешните партнери на Демократската партија на социјалистите (ДПС), но без коалицијата За иднината на Црна Гора.
Блокади организира групата „Одбрана на изборната волја“, која сега брои 20.000 членови.
Група граѓани го блокираа магистралниот пат Бијело Поље – Беране – Подгорица, кај кружниот тек во Рибаревине. Како што наведоа, протестираат поради „прекинување на изборната волја на граѓаните“.
„Ова е непартиски протест поради неспособноста на српскиот народ да ги артикулира своите национални интереси. Сакаме да испратиме порака до сегашните узурпатори на народната волја дека доколку не ги испочитуваат барањата на нашиот протест ќе ги радикализираме“, изјави Неѓељко Грандов, еден од присутните граѓани.
Во Лепетани во 19 часот и 20 минути демонстрантите ги блокираа двата влеза на пристаништето на траектот каде што беа „заробени“ остатокот од траектот „Грбаљ“ и возилата што пристигнаа со него од Каменар.
Меѓу насобраните, се и претседателите на ОО Нова српска демократија од Тиват Миљан Марковиќ и Владимир Потпара од Котор.
Насобраните тврдат дека не знаат кој е организатор на собирот и дека нема да си разотидат додека, како што велат, мандатот Милојко Спајиќ не и’ се обрати на јавноста.
Во Подгорица граѓаните го блокираа сообраќајот на кружниот тек Златица. Н
асобраните им порачуваат на „оние што планираат предавство“ дека тоа нема да го дозволат.
И ги повикуваме вечерва да се вратат на таа голема победа од 30 август…“, рече Иван Милиќ, кој им се обрати на новинарите.
На Вибер групата „Одбрана на волјата“ за вечерва се најавени блокади на патишта на кривината за тунелот Созин во Бар, кај Лука Зеленика во Херцег Нови, кај Рибаревина, кај станицата Персина во Беране, кај Трг Шак Петровиќ во Никшиќ, на кривината за Дубочица во Пљевља, на паркингот карши Стајевиќ во Зета…
Полициската управа е известена дека поради објави на социјалните мрежи, дека ќе има ненајавени јавни собири – колонии низ градовите во Црна Гора, службениците на Полициската управа ќе ги снимаат сите ненајавени јавни собири пред, за време и по завршувањето на тие собири. .