Црна Гора: Од денеска е забранета употребата на пластични кеси, казни до 40.000 евра

Во Црна Гора од денеска е забранета употреба на пластични кеси и пластика за еднократна употреба, согласно Законот за управување со отпад, а за непочитување на оваа законска одредба се предвидени казни од 1.000 до 40.000 евра.

Законот за управување со отпад стапи на сила на 20 април, а примената на неговите одредби е закажана за шест месеци по неговото стапување во сила, јавуваат црногорските медиуми.

Покрај пластичните кеси, ќе бидат забранети и пластични сламки, како и прибор за јадење и одредени кутии за пакување храна.

Трговците кои ќе го игнорираат законот може да бидат казнети од 1.000 до 40.000 евра, а казните за физички лица се од 500 до 2.000 евра.