„Чекам негов повик“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неговата посета на Азија, доколку Ким го контактира во врска со состанокот.

„Отворен сум за тоа“, им рече Трамп на новинарите во авионот на пат кон Малезија. 

Американскиот претседател истакна дека Пјонгјанг има многу нуклеарно оружје, но има проблеми со телефонската комуникација, објави Блумберг. Трамп, исто така, рече дека е подготвен да ја признае Северна Кореја како нуклеарна сила.  

„Кога велите дека треба да бидат признати како нуклеарна сила , па, тие имаат многу нуклеарно оружје. Ќе го кажам тоа“, им рече американскиот претседател на новинарите. 

Американските претставници претходно изјавија дека Трамп нема планови да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неговата турнеја низ Азија, која вклучува посети на Малезија, Јапонија и Јужна Кореја. Американскиот претседател Доналд Трамп нема планови да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неговата турнеја низ Азија , изјави денес американски претставник. 

„Претседателот, секако, изрази желба да се сретне со Ким во блиска иднина. Но, тоа не е на агендата за ова патување“, рече функционерот под услов да остане анонимен, објави Фокс њуз. 

Трамп одржа три историски самити со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неговиот прв мандат , со што се стабилизираше Корејскиот Полуостров, изјави функционерот во изјава за американската телевизија. Трамп и Ким последен пат се сретнаа на 30 јуни 2019 година, во демилитаризираната зона меѓу Северна и Јужна Кореја . 

Трамп треба да пристигне во Јужна Кореја во среда на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК). Американскиот претседател јавно и приватно ја изрази својата желба да разговара со Ким. 

Според извори на Си-Ен-Ен, идејата за нова средба била дополнително поттикната од неодамнешната средба на Трамп со јужнокорејскиот претседател Ли Џае-мјунг , кој го покани на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во Сеул. 

Ким, исто така, изрази отвореност за дијалог минатиот месец, велејќи дека би бил отворен за разговори со САД „доколку се откажат од својата опсесија со денуклеаризација“.  

„Доколку САД се откажат од својата празна опсесија со денуклеаризација и сакаат да продолжат со мирен соживот со Северна Кореја врз основа на признавање на реалноста, нема причина да не седнат на маса со САД“, рече претходно Ким.