Четвртата сезона од популарната серија на HBO „Белиот лотос“ наводно се одвива во Франција.
Имено, авторот на серијата, Мајк Вајт, претходно нагласи дека сака да ја промени моменталната околина и да се оддалечи од вообичаените крајбрежни и карпести локации.
„За четвртата сезона, сакам малку да се оддалечам од брановите и карпестиот пејзаж, но секогаш има простор за повеќе убиства во хотелите „Вајт Лотус“, изјави претходно Вајт.
Меѓу потенцијалните локации споменати во американските медиуми е и Гранд-Хотел ди Кап-Фера, луксузен хотел сместен на Француската ривиера, познат и како главно место за собирање на ѕвездите за време на Канскиот филмски фестивал. Иако не е директно на океанот, хотелот нуди совршен спој на луксуз и елеганција, што одговара на естетскиот стил на серијата.
Исто така, наводно, HBO ја продолжува својата ексклузивна врска со хотелскиот синџир „Фор Сизонс“, која беше користена во претходните сезони. Сепак, иако „Кап-Фера“ е сопственик на хотел „Фор Сизонс“, сè уште не е донесена конечна одлука за тоа кој хотел ќе биде местото на снимање за новата сезона. Продукцијата, како и досега, ја разгледува можноста за вклучување на повеќе луксузни одморалишта.
Освен Кап-Фера, како друга потенцијална дестинација се споменува Межев, француски планински град познат по зимските спортови. Сепак, извори блиски до продукцијата истакнуваат дека Мајк Вајт не е љубител на снежни средини и ладна клима, па веројатноста дека дејството се одвива на скијачки центар е многу помала.
Да потсетиме дека претходните три сезони беа сместени на Хаваи, Италија и Тајланд, со акцент на луксуз и мистериозни заплети што станаа заштитен знак на серијата. Третата сезона, која се одвиваше во одморалиштето „Фор Сизонс“ на Ко Самуи, беше снимена во неколку други хотели, кои не се дел од ланецот „Фор Сизонс“.
Серијата беше голем успех кај публиката и критичарите, а третата сезона донесе дури 23 номинации за наградата „Primetime Emmy“, која ќе биде доделена на крајот од овој месец.