Четири лица загинаа во судир на брза помош и детски автобус во Италија

Четири лица загинаа денеска откако амбулантно возило удри во детски автобус и се запали во тунел во близина на градот Урбино, во италијанската област Марке. Загинаа тројца болничари и еден пациент кои се превезуваа во болница со амбулантното возило, јавуваат италијанските медиуми.

Хеликоптер беше испратен од болницата во Анкона, главниот град на регионот Марке, но пристигна предоцна за да ги спаси животите на повредените.

Во несреќата не се повредени децата од автобусот од јужниот дел на тој регион.