Фудбалерите на Барселона го победија Атлетик Билбао со 2:1 во второто коло од шпанската Ла Лига.
Овој натпревар го одбележа голот на Ламин Џамал во 24. минута.
Чудото на светскиот фудбал ја прими топката по стартот и со левата нога ја затресе мрежата на гостите.
Џамал по феноменалните игри на ЕП и титулата со шпанската репрезентација потврди дека е сегашноста и иднината на светскиот фудбал.
Билбао израмни од пенал, додека Роберт Левандовски и донесе победа на Барселона во 75. минута.
По овој триумф Барселона се израмни на првото место во Ла Лига заедно со Селта.
Stop that Lamine Yamal. pic.twitter.com/3KikkegPwi
— Stop That Football (@stopthatfooty) August 24, 2024